Што ќе се случува со ионака кревкиот фудбал на крајниот Исток

Фудбалските екипи од крајниот Исток кои се натпреваруваат во втората и третата по квалитет лига во Македонија и понатаму ја очекуваат разврската, дали ќе се доигра вториот дел од сезоната кој поради ковид-19 беше прекинат пред средината на март годинава.

Тренажните процеси мируваат, до скоро немаше никакви услови за тренинг што ги прави особено фудбалерите во незавидна позиција особено на кондициски план.

До пред една недела 85 часовниот карантин на фудбалерите им оставаше минимални или речиси никакви просторни шанси за тренинг, па така штетата за оваа категорија спортисти од најголемата здравствена криза во историјата на човештвото, би можела да има далекусежни последици.

Иако екипите бодовно не стојат лошо на првенствените табели, сепак желбата за спорт која е во нокдаун поради наметнатата ситуација, по се изгледа ќе биде во втор план, се до продолжување или почетокот на нова сезона, чија разврска се уште не е на повидок.

Во моментот фудбалската чест на најисточните краишта во државата ја бранат фудбалските екипи на ФК Каменица Саса, Кит Го, Брегалница Делчево и ОФК Малеш. Првите две добро котираат во Втората фудбалска лига Исток. Кит – Го е во првата четворка со фајнал-фор позиција доколку би дошло до разигрување на позициите за влез во повисок ранг на натпреварување, додека Каменица Саса од средината на табелата ја дочекува разврската околу евентуалните понатамошни фудбалски случувања.

Во Третата лига Исток, сениорите на делчевска Брегалница имаа мирна сезона во однос на резултатите и позицијата на табелата, кои иако на гостински терен не беа толку блескави, на домашен терен ги прави неприкосновени, барем кога бодовите се во прашање кои тешко се освојуваат на градскиот стадион во Делчево. ОФК Малеш кој беше последен противник на делчевци пред суспендирањето на првенството, со нови сили и реформиран клуб со нови раководни структури го започна продолжението од Третата лига Југ, но само кратко, бидејки уследи едо големо СТОП од ковид-19, а со тоа и можноста за докажување на ,,дечките” од Берово.

Да не ги заборавиме и младинските категории на клубовите, кои сами по себе се своја приказна. Деца желни за фудбал, стуткани во своите домови, досега и немаа многу шанса за спорт.

Олабавувањето на мерките конечно ќе ги размрда, но се чини здравствената криза го осакати натпреварувачкиот дух и во овие конкуренции, па така се се чека на челниците и нивните одлуки што понатаму со фудбалот.

ШТО ВЕЛАТ ПРВИТЕ ЛУЃЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ ЗА КРИЗАТА

Прв за разрешување на дилемите ќе се игра или не фудбал нормално се јави претседателот на федерацијата Муамед Сејдини. Тој во неговата официјална изјава повикува на единство и солидарност со кризата.

-Соочени со пандемијата COVID-19, верувам дека една работа на сите им е посебно јасна: здравјето е на прво место и секако, пред фудбалот и спортот воопшто. Како резултат на ширењето на корона вирусот јасно е дека се променети сите околности во фудбалот за оваа натпреварувачка година. Фудбалската федерација на Македонија во соработка со фудбалските клубови и натпреварувачката комисија во федерацијата работи на низа практични решенија како одговор на новонастанатата ситуација.

Постојано следејќи ја моменталната ситуација, комисијата во ФФМ која е задолжена за календарот на натпревари, во најскорен можен рок ќе ги претстави плановите за завршување на натпреварувачката сезона во МФЛ. Се разбира, во услови кои ќе бидат диктирани од телата на јавната власт. Прекин на првенството е последно можно решение, откако ниту една алтернатива не би овозможила да се заврши календарот за натпреварувачката сезона во МФЛ. Актуелната здравствена криза драматично влијае и ги загрозува сите индустрии и економски сектори. Фудбалот не е исклучок и мора да пронајдеме решенија за моменталната ситуација со надеж дека целта ќе биде зачувување на работните места и еднакво почитување на интересите на клубовите и фудбалерите.

Фудбалската федерација на Македонија, како и секогаш до сега, кон фудбалската заедница ќе покаже одговорност, единство и солидарност. Ќе ги искористиме сите механизми кои ги имаме на располагање во насока на било каква помош на клубовите и фудбалските работници.

Како федерација сме во постојана комуникација со УЕФА и ФИФА и доколку се определи одреден солидарен фонд кои би го користеле федерациите, ФФМ целосно ќе го пренамени кон клубовите. Некористењето на финансиската поддшка од Владата на Р.С. Македонија беше една од првите одлуки кои раководството на ФФМ ги донесе откако започна здравствената криза и драго ни е што Агенцијата за млади и спорт на вистински начин ја препозна и поздрави таа одлука. Не радува што и други спортски федерации го направија истото и даваат придонес за клучните врености во вакви ситуации. Истовремено, ФФМ ги подготви и достави до АМС сите пристигнати предмети од фудбалските клубови за користење на финансиска поддршка. Нестрпливо го чекаме моментот кога фудбалот и спортот повторно ќе не радуваат, а дотогаш уште еднаш да потсетиме дека ова е време за солидарност и општествена одговорност. Бидете дома и следете ги препораките на здравствените власти, стои во објавата на Сејдини во врска со прекинот на првенствата.

КАКО ВО СОСЕДСТВОТО СЕ СПРАВУВААТ СО СИТУАЦИЈАТА

На својот редовен состанок, Извршниот комитет на Бугарскиот фудбалски сојуз ги одобри одлуките на последните 5 состаноци на Бирото за ИЦ и разговараше за опциите за завршување на првенствата на системот BFU за сезоната 2019/2020. На предлог на Претседателот на Аматерската фудбалска лига, Румјан Валков, донесени се следниве решенија:

Финалниот шампионат за рангирање на Третата лига го прифаќа рангирањето кога се воведува вонредна состојба на територијата на земјата. Исклучок е направен за Југозападната Трета лига, каде што е предвидено бараж помеѓу ФК Минор (Перник) и ФК Септември (Симитли) да го одреди победникот во групата. Истата одлука е донесена и за Шампионатите на Четвртата лига – исклучително е прифатено рангирањето во моментот на вонредната состојба, освен во регионалните првенства, во кои под овие услови не може да се одреди шампион, но ќе биде закажана бараж. Нема да има екипи за испаѓање во долната лига во шампионатот на третата лига 2019/2020 година.

Купот на АФЛ, Националното првенство на жени, Футсал Националната лига, Фудбалската лига на плажа и Државното првенство – студентите се одложени да играат по вонредната состојба и во одредениот рок.

По завршувањето на вонредната состојба и во консултација со регионалните власти за образование (РВД), првенствата (кога е можно) ќе продолжат на ниво на окружни и зонски првенства во фудбал за деца и млади. Во областа на елитната ДУФ (елитни групи У19, У17, У15) првенствата ќе се играат на турнир основа, почнувајќи од четвртфиналето. Куповите на БФЦ У18, У16 и У14 ќе се играат во две полуфинале и во едно финале, при што победникот на јуниорскиот сениорски турнир ќе добие квота за учество во Лигата на шампиони на млади во УЕФА.

За есента 2020 година се закажани националното првенство за ветерани, работници и индустриски шампионати, Купот на Бугарија – жени, Купот на Бугарија во футсал, Купот на Бугарија во мини-фудбал, студентски турнири и турнири во рамките на програмата за развој на женскиот фудбал во УЕФА, како и турнири Фудбалски Звезди на БФС.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*