Дивите копачи со години го уништуваат културно-историското наследство во Пијанец и регионот!

Последниот случај со уништување на локалитетот Виничко Кале од страна на таканаречените „диви копачи“, не поттикна да побараме информации колку често во минатото и денес дивите копачи биле активни и на подрачјето на општина Делчево. Кустосот Славчо Десподов, кој е поранешен раководител на музејската поставка во Делчево посочи дека територијата на која се наоѓа Општина Делчево односно Пијанец е богато подрачје со културно-историски локалитети кои отсекогаш биле предмет на ископување на дивите копачи.

-Сите артефакти кои досега се пронајдени на територијата на Пијанец се наоѓаат во музејската збирка во Делчево која брои над 1000 стари предмети. Музејската збирка и артефактите се од ископувањето од 2001 година. Сепак, мора да кажеме дека и пред тоа и сега активно работат овие диви копачи кои ги уништуваат археолошките локалитети. Тие се активни 20-30 години наназад, со што историјата е препуштена на самите нив и на времето на уништување на сите овие предмети, кои за жал Македонија нема слух да ги заштити и да ги презентира пред светот, вели Десподов.

Како еден од најпознатите случаи на диво ископување кој се случи пред неколку години и за кој беше запознаена и македонската јавност, а во кој настрадаа видни личности и високи функционери од Управата за заштита на културното наследство, Десподов го посочи дивото ископување на тунелот кај село Бигла.

-Тунелот во Бигла според сите сознанија е граден за време на Втората светска војна, како тунел за железничката пруга Македонија – Бугарија. И во тој тунел се сметаше дека има закопано злато и се работеше повеќе време на негово пронаоѓање. Меѓутоа имаше муабети, односно луѓето не се на чисто дали е нешто најдено или само работеа на ископување во тунелот. Тогаш знам оти беа ангажирани и механизација и специјална полиција за чување на локалитетот, меѓутоа што е најдено, како и дали е најдено се уште нема соопштение за тоа, додаде Десподов.

Тунелот сега е „заровен“ и покриен, додека мистеријата дали е нешто најдено се уте останува тајна за обичната јавност.

Дивите копачи се уште го загрозуваат културно-историското наследство на Пијанец и регионот!

Дивите копачи се уште го загрозуваат културно-историското наследство на Пијанец и регионот!

Posted by delcevo365.mk on Sunday, 26 April 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*