Започна сезоната на “смрчак” во Пијанец

Започна сезоната на „смрчак“, една од најбараните и најскапи печурки во светот. Првите количини кои се пронајдени на територијата на Пијанечкиот регион веќе се откупени, а како што велат локалните откупувачи се очекува на почетокот на месецот нивната појава да биде зголемена.

-Смрчакот е печурка која најмногу може да се сретне во иглолисни планински шуми и тоа најчесто во период по пожари или изразено високи температури над 20 степени. Причината за појава на оваа печурка во месец април е резултат на сончевиот период кој владееше во изминатиот период. Смрчакот покрај тоа што е достав вкусна печурка, држи и доста добра цена. Цената може да достигне и до 1000 денари за килограм, велат од локалните откупувачки центри во Делчево.

Смрчак; Фото: Природна перспектива https://www.facebook.com/naturalperspective/

Дождот кој падна во текот на вчерашниот ден, според печуркарите ќе придонесе да започне појавата и на останати печурки.

-Тука најизразени се лисичарката, вргањот и јајчарката. Очекуваме наскоро со подобрување на ситуацијата со коронавирус целосно да се посветиме нансобирањето печурки, бидејки сезонски може да се живее од тоа, велат собирачите на печурки.

Изминатата година беше добра за печуркарите кои очекуваат и годинава до 10 тони печурка да биде откупена на подрачјето на Пијанец.

Смрчак; Фото: Природна перспектива https://www.facebook.com/naturalperspective/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*