Советникот Николчо Ситновски со донација од заштитни маски за жителите на Тработивиште

Вкупно 500 заштитни маски денес добија жителите на село Тработивиште. Дел од маските се донација на советникот Николчо Ситновски кој истакна дека целта на иницијативата е заштита на населението од Тработивиште од појавата на зараза од Ковид-19.

-Како советник чувствувам обврска да им помогнам на жителите на Тработивиште од каде потекнувам, затоа што сметам дека заштитните маски можат да спречат појава на вирусот и во нашиот крај. Се надевам дека оваа донација од 300 маски, ќе биде пример за слични вакви акции и од останати хумани граѓани, рече Ситновски.

Тој упати благодарност за соработката до членовите на Локалниот клуб на СДММ кои во соработка со останати хумани граѓани распределија дополнителни 200 маски во ова село.

По одлука на делчевскиот Совет, Ситновски заедно со останатите свои колеги се откажа и од паушалот за месеците април и мај, средства кои ќе бидат наменети за борбата против Ковид-19.

Фотографии од дистрибуцијата на заштитните маски во продолжение:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1836519513145229&id=601405316656661

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*