Краток историјат за село Вирче

Вирче е село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Селото се наоѓа во областа Пијанец, во југоисточниот дел на територијата на Општина Делчево, чиј атар се издига до сртот на планината Влаина, каде што се допира со државната гранична линија со Бугарија. Селото е рамничарско, на надморска височина од 740 метри. Од градот Делчево, селото е оддалечено 12 километри.

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 29,7 км². На него преовладуваат шумите на површина од 1.537,5 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 983 хектари, а на пасиштата 257,5 хектари.

Во XIX век, Вирче било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Во избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година 5 жители на Вирче се доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Вирче имало 330 жители, од кои 200 муслимани и 130 православни. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вирче имало 200 жители.

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Вирче имало 557 жители Македонци, од кои 378 муслимани и 179 православни.

Вирче во 1961 година било големо село, коешто броело 906 жители, од ко 840 биле Македонци, а 47 жители Турци, додека во 1994 година бројот се намалил на 604 жители, македонско население.

Според последниот попис од 2002 година, во селото Вирче живееле 498 жители, од кои 496 Македонци, 1 Србин и 1 останат.

Од селото се иселил значителен број на население, а најголемите драстични демографски разлики се случиле во 1950-тите години, кога најголем дел од муслиманското население го напушта селото и се иселува во Турција.

Во селото функционита Основно училиште „Св. Климент Охридски“ до IV одделение кое е подрачно училиште на ОУ „Св. Климент Охридски“ – Делчево.

Селото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Вирче, во која единствено село било Вирче.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Тработивиште, во која покрај селото Вирче се наоѓале селата Нов Истевник, Панчарево, Разловци, Стар Истевник и Тработивиште.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево.

Во селото постои изборно место бр. 0584 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 386 гласачи.

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 369 гласачи.

Археолошки локалитети

Големо Градиште
Мало Градиште
Прекинато Градиште
Турски Гробишта
Црквиште
Црквиште (Св. Врач)

Цркви

Црква „Св. Никола“ — главна селска црква и
Црква „Св. Ѓорѓи“ — помала селска црква на влезот во селото.

Родени во Вирче

Коста Николов (1873-1944) — бугарски генерал;
Орце Поповски — декан на Воената академија во Скопје

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*