Украдени пари од црквата Св.Јован Крстител во село Ѕвегор

Најмалку 2.000 евра се украдени од црковната каса, од црквата Св.Јован Крстител во делевското село Звегор. Станува збор за пари кои овдешните жители ги собираат последните три години и се наменети за сликање на фрескоживописот.

-Од поставувањето на иконостасот имавме соберено пари од многу наши пријатели ширум светот, како од Бугарија, така и од иселеници од Италија, Швајцарија и други земји, вели Делчо Гошев, претседател на црковниот одбор.


Наместо тоа, рано утринава, жителите наишле на страшна глетка, црковната врата била разбиена, а парите украдени.

-Јас не забележавна почетокот дека вратата од другата страна е разбиена, влегов во црквата и видов расфрлани пари наземи и веднаш се јавив на Делчо, рече Антица Јанкуловска која заедно со претседателот на црковниот одбор и попот има клуч од селото.

Во моментов, полицијата се уште прибира податоци за откривање на идентитетот на крадецот или крадците, а звегорци се уште се во шок од кражбата.

-Прв пат вакво грозно нешто ни се случува. Вакви вандали мислам дека најстрого треба да се санкционираат за да биде поука на другите да не помислуваат на вакви работи, истакна Ванчо Новоселски, член на црковниот одбор во село Ѕвегор.

Црквата Св. Јован Крстител е изградена од самите жители со донации главно од овдешните иселеници. Наскоро требаше да биде и фрескоживописана, за што требаат 7.000 евра. Инаку, ова е втора голема кражба од црква во Пијанечко-малешевскиот крај. Претходно, исто така голема сума на пари беше украдена од црква во Владимирово.

Украдени парите од црквата „Св.Јован Крстител“ во село Ѕвегор

Украдени парите од црквата „Св.Јован Крстител“ во село Ѕвегор

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, 28 April 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*