Општина Делчево се подготвува за одбележувањето на 117-годишнината од смртта на револуционерот и патрон на градот, Гоце Делчев. Од општината информираат дека на самиот ден на одбележувањето 4 мај 2020 година, ќе бидат преземени актуелните препораки и мерки за заштита од болеста ковид-19.
-По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани кои сакаат да присуствуваат на настанотпред споменикот на револуционерот Делчев во центарот на градот и да положат свежо цвеќе, и притоа тоа да го направат почитувајќи ги актуелните препораки за заштита од болеста ковид -19, односно задолжително да носат заштитни маски за лице и да држат растојание од 2 метри за време на настанот, информираа од општината.
На настанот, како што додадоа пожелно е присуство на двајца претставници од институциите, организациите и здруженијата.
Делчево годинава одбележува и 70 години од преименувањето од Царево село во Делчево. Со одлука на Президиумот на Народното собрание на 23 април 1950 градот го добива името на великанот Гоце Делчев.
Leave a Reply