ОЈО предложи казни од 2000 и 200 евра за десетмина делчевци

Основното јавно обвинителство Делчево до Основниот суд Делчево поднесе  предлози за издавање казнени налози со кои опфати десетмина обвинети.

Сите обвинети во одделни кривично правни настани не ги почитувале здравствените прописи за сузбивање на заразната болест предизвикана од COVID – 19. Тие пеш или со возила се движеле низ Делчево и околината за време на полициски час.

За осуммина обвинети лица, обвинителството предложи да им биде изречена парична казна во висина од по 2000 евра во денарска противвредност.​ За двајца од обвинетите, имајќи ја предвид нивната имотна состојба, обвинителството до Судот предложи да им биде изречена парична казна во висина од по 200 евра во денарска противвредност

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*