Посебен режим на сообраќај со отпочнувањето со реконструкција на улицата Маршал Тито

Општина Делчево ги известува граѓаните дека преку проектната единица во Министерство за финансии и проектот МСИП за подобрување на општинските услуги финансиран преку Светска Банка, Општина Делчево доби средства за подзаем за реализација на проектот „Подобрување на јавните општински услуги во Општина Делчево” (реконструкција на улица „Маршал Тито“ и „Вера Јоциќ“ и изградба на улица број 7 населба СРЦ Делчево). Целта на овој проект е подобрување на квалитетот на животот на месното население.

Подготвителните работи на терен се во тек, а согласно со проектот, градежните работи ќе завршат до март 2021 г. Градежните работи ги извршува фирмата АД „Илинден“ од Струга.Со започнување на реализацијата на овој проект ќе важи посебен сообраќаен режим. Притоа ве известуваме дека:

–         Жителите ќе имаат непречен пристап до централното градско подрачје преку постојните улиципочитувајќи го времениот режим на сообраќај.

–          Трговците ќе можат да вршат дотур на стока секој ден преку постојните улици почитувајќи го времениот режим на сообраќај.

–          Пристапот на учениците/децата/родителите и персоналот на училиштето/градинката ќе биде возможен преку постојните улици почитувајќи го времениот режим на сообраќај.

–          Во периодот на изведба редовно ќе бидат ажурирани информациите за изведбата.

Согласно тоа, ве молиме за разбирање и соодветно прилагодување на потребите за брзо и навремено спроведување на градежните работи.

За дополнителни информации / прашања, обрате се кај Звонко Атанасов, телефонски број 075/367-901 од Општина Делчево. 

Сите  ваши забелешки може да се доставаат во писмена форма во сандачето за пофалби и поплаки поставено во административната зграда на Општина Делчево. Доколу очекувате одговор потребно е да се наведе и адресата, а забелешките може да бидат поднесени и во анонимна форма

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*