Трајковски: се преземаат сите мерки за заштита на јавното здравје

По повод информацијата за првиот случај на заразен со коронавирусот во Делчево, градоначалникот Трајковски на прес-конференција истакна дека нема потреба од паника и ширење дезинформации, надлежните ги преземаат сите мерки за заштита на јавното здравје.

Почитувани сограѓани,

Согласно информациите од надлежните служби, присуството на коронавирусот е регистрирано кај еден жител на Делчево кој поради хронична болестподолг период е на болничко лекување на скопските клиники и сѐ уште е во болница, а според нашите сознанија, таму се заразил со коронавирусот.

 Сакам да ве информирам дека надлежните служби ги преземаат сите мерки, односно ги прават соодветните епидемиолошки анкети, за да се детектираат контактите, по што ќе се постапи соодветно со цел да не се дозволи ширење на вирусот и низ населението на Делчево. Му посакувам брзо оздравување на нашиот сограѓанин, а воедно, изразувам благодарност до семејството на пациентот за самосвеста и одговорноста, бидејќи  семејството, веднаш се самоизолирало.

Исто така, сакам да ве информирам дека во Делчево во моментов има 9 лица во самоизолација кои ги почитуваат мерките од надлежните.

Овие информации ги споделувам со вас со цел да се спречат дезинформациите и паниката и ве повикувам на смирено и разумно однесување, а пред сѐ, на почитување на препораките од Владата на РСМ и ресорното Министерство.

Општина Делчево заедно со Општинскиот кризен штаб ги презема сите превентивни мерки за заштита од појавата и ширењето на болеста ковид-19, а ваше е само да останете дома, не излегувајте без потреба, не се групирајте и задолжително носете заштитна маска на лицето

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*