Краток историјат за село Стамер

Стамер — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Селото се наоѓа во областа Пијанец, во источниот дел на територијата на Општина Делчево, чиј атар на тесен дел се допира со државната гранична линија со Бугарија. Селото е ридско, на надморска височина од 740 метри. Од градот Делчево, селото е оддалечено 9,5 километри.

Атарот зафаќа простор од 13,7 км². На него преовладуваат шумите на површина од 700 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 387 хектари, а на пасиштата 162 хектари.

Во XIX век, Стамер било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство. Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Стамер имало 130 жители, од кои 100 муслимани и 30 православни.

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Стамер имало 202 жители Македонци, од кои 154 муслимани и 38 православни.

Селото во 1961 година имало 264 жители, од кои 249 биле Македонци, а девет жители Турци. Во 1994 година бројот се зголемил на 447 жители, исклучително македонско население.

Според последниот попис од 2002 година, во селото Стамер живееле 344 жители, сите Македонци.

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Од селото се иселил значителен број на население, а најголемите драстични демографски разлики се случиле во 1950-тите години, кога најголем дел од муслиманското население го напушта селото и се иселува во Турција.

Во селото има Основно училиште „Св. Климент Охридски“ до IX одделение, кое е подрачно училиште на ОУ „Св. Климент Охридски“ – Делчево.

Селото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево.

Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Град, во која влегувале селата Град и Стамер.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Делчевска градска општина, во која покрај селото Стамер се наоѓале градот Делчево и селата Бигла, Ветрен, Габрово, Град, Ѕвегор, Очипала, Полето, Турија, Чифлик и Шопје.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево.

Во селото постои изборно место бр. 0586 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 271 гласач.

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 257 гласачи.

ПАЛЕОНТОЛОШКИ НАОДИ

Во истражувања на Природонаучниот музеј откриени се фосили на носорог, кои го потврдуваат животинското богатство на пикерминската фауна на овој локалитет кој најверојатно бил мочуришен, односно со поголеми водни површини. Фосилите биле откриени од Љубе Митевски, рударски инженер од селото. Праисториската масовна гробница на животни кај делчевски Стамер стана светски позната локација по капиталното откритие на черепот на жирафа која потекнува од раниот плиоцен и е првиот череп од жирафа откопан во Европа.

ЦРКВИ

Црква „Св. Еремија“ — главна селска црква

РЕДОВНИ НАСТАНИ

Еремија — главна селска слава, започната со прослава од 1975 г.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*