Полупразни излетничките места во Делчевско

Раниот полициски час ги остави полупразни излетничките места во делчевско во рамки на првиот ден од продолжениот викенд по повод ,,1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

Пикникот кој вообичаено младите го организираат на овој ден се одвиваше во мали групи на неколку локации во градот.

Најпосетен беше манастирскиот комплекс Балаклија, чиј домар Љупчо Ристов, истакна дека претежно млади луѓе биле меѓу посетителите.

-Имаше неколку групи на млади од по двајца-тројца, кои го искористија денот за прошетка. Само мал дел денот го поминаа со правење скара и алкохол, додека семејства со своите деца исклучиво беа овде за рекреација, вели Ристов.

На останатите места во делчевско немаше поголеми собири. Неработниот ден граѓаните го искористија за завршување на домашните обврски во своите дворови.

Продолжениот викенд го искористија и граѓаните од Скопје кои можеа да се забележат во посета на своите имоти во делчевско.

Манастирски комплекс „Св.Богородица Балаклија“, 12 март 2020

Манастирски комплекс „Св.Богородица Балаклија“, 12 март 2020

Posted by delcevo365.mk on Thursday, 12 March 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*