По повод патрониот празник, Стручниот актив по Македонски јазик при Општинското основно училиште ,,Ванчо Прке” од Делчево распиша литературен конкурс на тема ,,На здрав човек, секој ден му е празник”.
Конкурсот е наменет за ученици од IV до IX одделение кои своите поетски творби треба да ги достават најдоцна до 18.05.2020 година.
Личните творби треба да бидат отпечатени и со име и презиме доставени на e-mail ouvancoprkedelcevo@yahoo.com.
Ликовниот конкурс е на тема: “Луѓето во бели мантили~ангели чувари на нашето здравје”.
ООУ „ Ванчо Прке“ ги охрабрува сите млади креативци да се вклучат во ликовниот конкурс, и со тоа да дадат придонес во изразување на личниот талент и визија, како гледаат на нашите медицински работници во овие моменти кога се соочуваме со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19.
Сите творби најдоцна до 18.05.2020 да бидат доставени електронски на ouvancoprkedelcevo@yahoo.com , а најдобрите творби од двата конкурси ќе добијат дипломи и пригодни награди.
Leave a Reply