Делчево ја одбележа 117 годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев

Со пригодна свеченост организирана од Општина Делчево и во услови на вонредна состојба, а по повод 117-годишнината од смртта на Делчев, Делчево го одбележа датумот на убиството на патронот на градот кој на денешен ден во 1903 година, беше убиен од турската војска во селото Баница.

По тој повод, пред споменикот на револуционерот во центарот на градот се поклонија и свежо цвеќе положија делегација од Општина Делчево, делегација од Советот на Општина Делчево, како и претставници на политички партии, институции и здруженија на граѓаните.

Во рамките на одбележувањето, членовите на КУД „Гоце Делчев“ прочитаа реферат за животот и делото на Делчев, а по завршувањето на церемонијата градоначалникот Горан Трајковски истакна дека поради вонредните активности, сите планирани културни настани со кои Делчево сакаше да му оддаде чест на својот патрон, се одложени.

Фото: Делчево365

-Како следбеници на ликот и делото на Делчев општината ги промовира неговите заложби и работиме да го изградиме нашиот град достоен носител на неговото име. Како градоначалник испраќам порака дека Делчево, поминувало низ многу премрежја, но од секоја битка излегувал посилен и бил победник. Верувам дека и денеска, со истрајност и одговорност кон личното здравје, кон здравјето на своето семејство и на секој сограѓанин, повторно заедно ќе прославуваме победа и ќе го продолжиме развојот на нашиот убав град покрај Брегалница, рече Трајковски.

Фото: Делчево365

На одбележувањето на годишнината од смртта на македнскиот револуционер не присуствуваа претставници од советничката група и партиски претставници на ВМРО ДПМНЕ кои самостојно се организираа и положија цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во чест на неговата смрт.

Програмата за денешното одбележување ја спроведе самостојниот уметник Зенил Р. Стручни, а во улога на водителки реферат за животот и делото на великанот читаа Елена Трајановска и Каролина Стоименовска, членови на КУД „Гоце Делчев“ Делчево.

Делчево ја одбележува 117 годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев

Делчево ја одбележува 117 годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев

Posted by delcevo365.mk on Monday, 4 May 2020
Положување свежо цвеќе во чест на 117 годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев

Положување свежо цвеќе во чест на 117 годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев

Posted by delcevo365.mk on Monday, 4 May 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*