За првите Гоцеви денови одржани во село Град!

Книгата „Нациите, малцинствата и Балканската соработка“ е книга од истакнатиот историчар Крум Цурев, а интересен податок поврзан со оваа книга ни испрати Благојчо Илиевски од село Град, иселеник во Италија кој бил и поранешен претседател на месната заедница.

Илиевски вели дека како дел од одбележувањето на манфестацијата Гоцеви денови своевремено активности се реализирале и во селото Град. За ова како што вели тој сведочи и спомената книга каде точно е наведено што се се случувало околу тогашната реномирана манифестација одржана и во селото Град, а на која гостувале реномирани музички имиња од македонската тогашна естрада.

-На 4 мај 1969 година во село Град се одржаа првите „Гоцеви Денови“. Училиштето се викаше „Гоце Делчев“, а во рамки на одбележувањето на настанот учествувале познати политичари, историчари, граѓани на Делчево и жители на село Град. Свој настап тогаш имаа Културно уметничките друштва „Гоце Делчев“ од Скопје, „Кочо Рацин“, Чалгиите и други културно-уметнички друштва. Од познатите македонски пејачи настапија, Васка Илиева, Александар Сариевски, Добри Ставревски, Бапчорки, Никола Бадев, Јонче Христовски, Јанко узунов, Петранка Костадинова, Група Македонија, Маја Оџаклиева, сестрите Мавровски, Верица Ристевска и други, вели Илиевски.

Фото: Од сеќавањата на Илиевски споменати во книгата „Нациите, малцинствата и Балканската соработка“

Годинава имаше иницијатива настанот „Гоцеви Денови“ да се обнови, но поради актуелната ситуација со коронавирусот сите манифестации повразни со одбележувањето на овој настан се одложени.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*