Исчистена дивата депонија во беровското село Будинарци

Во Берово спроведена пролетна акција за чистење на дивата депонија во село Будинарци. Како што информираа надлежните, акцијата се реализира со цел намалување на загадувањето и заштита на населението од заразни болести.

-Во рамките на пролетните активности спроведовме акција за чистење на дивата депонија во село Будинарци, која се наоѓа во близина на река Брегалница, наспроти регионалниот пат Берово-Виница. Активноста е дел од мерките за заштита од Ковид 19 и има за цел подигнување на свеста кај граѓаните и подобрување на сликата како за градот, така и за населените места, информираа надлежните.

Во акцијата учествуваа екипи на Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ од Берово, од каде додадоа дека претпријатието ќе продолжи со чистење на дивите депонии создадени од несовесното однесување на поединци.

Од општината упатија апел до граѓаните, да не одложуваат отпад на јавните површини, да го почитуваат Законот за јавна чистота, со што ќе дадат свој придонес за почиста и поздрава средина, а Берово ќе го задржи епитетот за еколошки чист град. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*