Животот полека ќе се враќа во нормала веќе од следната недела, најави министерот Филипче на денешната прес-конференција.
-Угостителските објекти во прво време ќе може да ги отворат само терасите, а на нив ќе може да се седи само на одредена дистанца, ова го најави на денешната прес-конференција министерот Филипче.
– Останува Комисијата за заразни болести до крајот на оваа недела да го финализира овој протокол и веќе од почетокот на следната се да биде во функција. Секако, тука се мисли и на градинките бидејќи кога родителите ќе почнат да работат и ќе нема кој да ги чува децата, рече Филипче.
Угостителските објекти во Делчево согласно последната одлука на делчевскиот Совет, а на иницијатива на градоначалникот Горан Трајковски за месеците април и мај се ослободени од плаќање такса за користење јавен простор пред деловните објекти. Согласно со евиденцијата на Општина Делчево, одлуката се однесува на 25 угостителски објекти.

Leave a Reply