Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова продолжува со поддршката за ангажираните служби во борбата против Ковид 19. Вршејки обиколка на дежурните тимови на Итната медицинска помош, мобилните општински тимови и Полициската станица, Стаменкова изрази благодарност до полициските организациони единици, волонтерите од мобилните општински тимови и медицинските служби при Здравствената станица што деноноќно го чуваат градот и се грижат за безбедноста на жителите за време на вонредната состојба.
-Голема благодарност и до сите инволвирани кои не дозволуваат коронавирусот да се појави на подрачјето на нашата општина. Во изминатиот период преку Општинскиот штаб за заштита и спасување за потребите на ангажираните служби кои во овие вонредни околности се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните во неколку наврати им доделивме заштитни медицински маски, средства за лична и дезинфекција на простории и месицински ракавици, со што сметаме дека дадовме свој придонес во справувањето со заразата, рече Стаменкова.

Додаде дека во текот на наредните денови ќе бидат обезбедени дополнителни количини на заштитни одела (скафандери) и визири за потребите на ангажираните служби во борбата против Ковид 1.Македонска Каменица заедно со Берово се единствените општини од најистопчните краишта во државата каде досега не се забележани позитивни случаи на вирусот Ковид-1
Leave a Reply