Се уредуваат тревните површини и дрворедите на повеќе локации во Делчево. Активностите, се реализираат на повеќе локации во градот.
-Во рамки на тековните активности се кастрат гранките и обликуваат крошните на дрвјата, додека паралелно се врши на уредување на зеленилото на повеќе јавни површини. Наша обврска е и во време на пандемија остануваме силно да бидеме посветени на одржување на јавната чистота, сервисирање на потребите на граѓаните, подобрување на инфраструктурата и уредување на јавното зеленило, истакнаа од претпријатието.
Во текот на денешниот ден исто така се изврши и дезинфекција во гимназијата „Методи Митевски Брицо“.
-Се работи за трета дезинфекција со која се опфатени сите простории во училиштето, како и надворешниот дел и јавната паркова површина. Исто така со оваа активност ќе биде опфатена и спортската сала во училиштето, истакна професорот Благојчо Георгиевски.
Leave a Reply