Пожар зафати три куќи во близина на река Желевица во село Тработивиште. Како што информираат жители на селото во пожарот најмногу настрадал објект-сушара, додека брзата интервенција на делчевските пожарникари, според жители на селото спаси од опожарување уште три куќи кои се наоѓале во близина.
-Пожарот избувна во доцните попладневни часови, по што истиот веднаш е пријавен до противпожарната единица во Делчево. Во моментот пожарот се локализира од страна на пожарникарите, а во истиот најмногу настрада објектот кој имаше намена како сушара, информираат жителите.
Како што додаваат, напомош на пожарникарите им излегле и дел од жителите кои живееле во близина на опожарениот објект.
Случајот е пријавен во полиција, а допрва ќе се утврдуваат причините за неговото избувнување.
Leave a Reply