Предлог од ПДПР за полесен пристап до права за семејства без приходи

Со реакција и предлог до Министерството за труд и социјална политика и до центрите за социјална работа по однос на мерката за гарантираната минимална помош денес излегоа од Претседателството на Партијата за демократски просперитет на Ромите. Еве што меѓу другото се најде во содржината на предлогот:

“Лицата кои се во групата на дејности од неформалната екомонија заради состојбата со Ковид 19 станаа нефункцонални односно се оневозможени да ја обавуваат својата дејноаст која им е основен извор на приход ,владата свакајки ја сериозноста на состојбата во која се најдоа овие лица донесоа уредба со сила на закон со кој за да им се излезе во пресрет на оваа категорија на грагани се понуди можност за добивање на гарантирана минимална помош која треба да ја остварат преку центрите за социјална работа.

Но бидејки постои посебно упатство во кое се предвидени и посебни услови за оставрување на оваа право во голем број од оваа група на грагани се ограничени во остварувањето на истото право а посебно по однос на тоа што како пречка преставува поседувањето на автомобило ,комбиња и други превозни средства кои всушност се основни средства за обавување на нивната дејност која во моментот неможат да ја обавуваат,од тука сметаме дека заради олеснување до пристапот на оваа право потребно е да оваа група на грагани се водат не како Семејство без приход туку како Семејства што останале без приход заради Ковид 19 и да им се проверуваат само сметките за месец Март без притоа да стои како услов и поседувањето на возила бидејки тие сега наменски и не се користат.

Деновиве се олеснуваат мерките за обавување на дејноста на дел од лицата во неформалната економија поточно на лицата кои вршат дејност по пазарите и тоа само за зелените пазари.

Имајки во предвид дека значител дел од неформалната економија се и лица кои се занимаваат и со продажба на текстилни производи како и со пластичарски и други производи истите се доведуваат во нееднаква положба,тука голем дел од ромската заедница ги вршат овие дејности и во моментот се најпогодени од моменталната состојба па предлагаме со овие мерка да бидат опфатени и тие односно да им биде овозможено и тоа да почнат со обавување на својата дејност.”

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*