,,Еколог интернационал” со донација за учениците кои не се во можност да следат онлајн настава

Општина Делчево доби донација од 10 таблети од компанијата  „Еколог интернационал“ и семејството Дестани од Тетово. Дигиталните уреди како што истакнаа од општината ќе бидат наменети за учениците кои не се во можност да ја следат онлајн наставата.

-Таблетите  ќе бидат дистрибуирани на основните училишта „Ванчо Прке “ и  ,,Св.Климент Охридски“, а истите се наменети за ученици кои потекнуваат од социјално загрозени семејства и не се во можност да ја следат онлајн наставата, информираа од општината.

Градоначалникот Горан Трајковски упати голема благодарност до донаторите, кои како што додаде, во овие тешки моменти покажуваат огромна општествена одговорност и донираат таблети за следење на онлајн настава на голем број општини во државата.

Од компанијата ,,Еколог интернационал” информираа дека проектот има за цел да им се излезе во пресрет на најитните случаи на државно ниво кои имаат потреба за дигитални уреди за онлајн наставата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*