Ќе се гради колектор за отпадни води во беровското село Будинарци. Активностите ќе се реализираат преку Програмата за инвестирање во животната средина, од каде, како што информираат надлежните на општина Берово се одобрени средства за реализација на проектот.

-Реализацијата на проектот, предвидува собирање на фекалните води од селото и одвод до локацијата на идната пречистителна станица, за која е изготвен проект. По третманот на отпадната вода, истата пречистена ќе се испушта во реката Брегалница, истакнаа од општината.


Досегашната постоечка мрежа за фекална канализација во селото како е изградена со средства од месен самопридонес, а потребата за изградбата на колекторот како шѕо додаваат надлежните се наметнува сама по себе, поради тоа што испустот на фекалната мрежа на неколку места досега беше директно насочен во реката Брегалница.

-Колекторот ќе биде со вкупна должина од околу 1.103 метри и на истиот ќе бидат приклучени сите испусти, кои во моментот се испуштаат дирекно во реката. Предвидени се шахти, на секое вертикално и хоризонтално прекршување на трасата, додаваат надлежните.

Овој проект е во согласност со Стратегијата за регионален развој, а неговата реализација, според надлежните, ќе придонесе за намалување на загадувањето на биодиверзитетот и заштита на здравјето на жителите од село Будинарци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*