Беровци го враќаат сјајот на кејот на Брегалница

Кејот на река Брегалница, во Берово, како што имформираат од Општината наскоро ќе блесне со сиот свој сјај.

Одново изграден, со заштитна ограда, целосно осветлен според градските власти ќе го врати сјајот на можеби најпосетеното место, каде што беровчани, од најмал до најстар, бележат голем број спомени.

За таа цел како што додаваат во тек е изградбата на пешачка патека и заштитна ограда покрај река Брегалница.

-Притоа предвидена е санација на кејските ѕидови и осветлување на потегот од поранешниот хотел Македонија, до спојот со мостот на ул. ,,Велко Влаховиќ”, велат од Општина Берово.

Градежните работи се дел од имплементацијата на проектот ,,Заштита на жителите, долж две реки”, кој Општина Берово го спроведува во партнерство со Општина Струмјани од Република Бугатрија, финансиран од Програмата ИНТЕРРЕГ, прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија.

Вредноста на договорот изнесува 172.072,00 евра, а изведбата на градежните активности е предвидена да биде завршена за неколку месеци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*