Крводарителите од Делчево хумани и во услови на Ковид-19

Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Делчево, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, во Делчево се спроведе мајска крводарителска акција. 

За време на акцијата, според протоколите за заштита од коронавирусот, ако што информираше претседателката на Црвен крст Делчево, Билјана Георгиевска беа преземени сите безбедносни мерки за граѓаните кои даруваа крв.

-Акцијата се одвиваше во најдобар ред согласно предвидениот протокол во услови на пандемија. Она што сакам да го истакнам, е дека одзивот на граѓаните за акцијата беше голем, заради што ја искажувам мојата благодарност за високиот степен на покажана свест, солидарност и хуманост, рече Георгиевска. 

Од Институтот за трансфузиона медицина, додадоа дека во рамки на акцијата вкупно 34 граѓани дарувале од животворната течност, за што им искажаа посебна благодарност до учесниците во крводарителската акција.

Според планираното во текот на утрешниот ден ќе се спроведе крводарителска акција и во општина М.Каменица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*