Двајца каменичани со кривична пријава од СВР Штип поради поседување марихуана

На 07.05.2020 во 18.00 часот на ул.„Сутјеска“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода В.К.(31) и С.А.(25), двајцата од Македонска Каменица, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По комплетирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена кривична пријава.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против А.З.(66) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”. Пријавениот, од својот профил преку социјалната мрежа „Фејсбук” на оштетената М.С.(70) од Делчево во повеќе наврати ѝ испратил пораки со недолична содржина, презел и постирал слика од оштетената.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*