По 10 илјади денари за невработените, студентите и социјалните случаи!?!

Се подготвува нов сет на мерки со кои ќе се зголеми јавната, но и личната потрошувачка, како дел од третиот пакет мерки за спас на македонската економија.

Една од опциите е пари да добиваат и граѓаните за да се зголеми лична потрошувачка која, според Народна банка, годинава значитело ќе се намали.

Како што дознава ТВ 24, се разгледуваат повеќе варијанти, а за мерката се планираат околу 70 милиони евра.

Социјалните случаи, невработените, младите, а посебно студентите можно е да добијат еднократна парична помош, која според некои проценки може да стигне и до 10.000 денари.

Освен стимулација на приватната потрошувачка, новите мерки предвидуваат и раст на јавната потрошувачка преку форсирање на капитални проекти.

Новите мерки треба да бидат внесени во ребаланост кој го подготвува Министерството за финансии.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*