Од денес времен режим на сообраќај во правец од населба Стрелиште кон Делчево

Од денес започнува со примена времената измена на режим на сообраќај во рамки на реконструкцијата на дел од улицата „Маршал Тито“ во Делчево. Работите како што информираат надлежните ќе се изведуваат согласно одобрениот режим на сообраќај во неколку фази.

-Во рамки на првата фаза врмениот рржим ќе важи почнувајки од патниот правец од населба Стрелиште кон Делчево со затворање на едната сообраќајна лента и пренасочување со наизменично пропушатање возила на другата сообраќајна лента, информираа надлежните.

За воспоставување на времениот режим на сообраќај како што додаваат ќе бидат поставени сообраќајни знаци и опрема со која ќе се води сообраќајот со цел овозможување безбеден и непречен сообраќај за сите учесници.

-Апелираме до граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација, сообраќајните правила и прописи како и да се движат со намалена брзина и зголемена претпазливост, додадоа од Општина Делчево.

Времениот режим на сообраќај според предвиденото ќе биде во важност сѐ до завршување на реконструкцијата на дел од улицата „Маршал Тито“ во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*