ПДПР со предлог за времено решавање на состојбата на лицата без документи

Од ПДПР денес излегоа со предлог решение за времено решавање на состојбата на лицата без документи. Содржината од предлогот ви ја пренесуваме во целост:

Фактичкиот статус на лицата без документи сеуште нее решен, истите тие лица се уште се без прв извод од матичната книга на родените. Од тие причини се уште неможат да бидат внесени во социјалниот,здравствениот, образовниот систем, ниту се во можност да бидат баратели на работа преку Агенцијата за вработување.

Следствено на напред кажаното, истите се во објективна неможност да ги оставруваат правта и услугите од социјален, здравствен и образовен аспект ниту пак можат бидат баратели на работа преку Агенцијата за вработување и отварање на свои трансакциони сметки.

Имајки ја во предвид моменталнта ситуација во која се наога државата, донесувањето на подзаконските акти за решавање на нивниот статус најверојатно ке биде пролонгирано предлагаме конкретно решение да преку координирана активност помегу Министерството за Труд и социјална Политика, Министерството за Правда и Министерството за внатрешни работи на овие лица да им се издаде документ од привремен карактер, се до донесувањето на подзаконските акти како би можеле да бидат корисници на напреднаведените права и услуги. Се работи за наши грагани кои се со различна етничка припадност кои заслужуваат нормален живот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*