Мигрант од Алжир со украдено возило уапсен во село Саса

Мигрант од Алжир со украдено возило фатен од полицијата во Македонска Каменица. Полициската патрола го пресретнала во селото Саса по што бил приведен во полициската станица.

-Полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица, во с.Саса го лишија од слобода О.Н.(24) од Алжир, затоа што одзел патничко моторно возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, кое во СВР Куманово на 11.05.2020 година било пријавено за одземено. О.Н. е предаден во СВР Куманово за понатамошна постапка, а одземеното возило е вратено на сопственикот, се вели во соопштението од полицијата.

Мигрантот вниманието на полицијата го привлекол, откако претходно до полицијата неколку дена претходно возилото било пријавено како украдено, а истото бил забележано во село Саса.

Согласно законот, за ваквите постапки спрема прекршителот предвидена е кривична пријава за кражба и за нелегален влез и престој во Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*