РЕГИОНАЛНО: Се гради улицата ,,Јуриј Гагарин” и се уредуваат јавните површини во Берово

Започна реконструкцијата на улица ,,Јуриј Гагарин” во Берово. Според надлежните, градежните работи ќе опфатат целосна реконструкција на дел од улицата, во должина од 210 метри.

-Улицата е со широчина од 6 метри, а во рамки на работата ќе се гребе постоечкиот асфалт, ќе се изврши тампонирање како и  поставување на нов асфалт. Станува збор за улица која е во доста лоша состојба, па жителите од овој дел на градот, конечно ќе добијат соодветна патна инфраструктура и ќе имаат полесен пристап до центарот, информираа надлежните.

За реконструкција на улицата ,,Јуриј Гагарин”,од буџетот на општина Берово за 2020 година, се издвоени 2,2 милиони денари.

Паралелно како што додаваат се разубавуваат јавните површини во Берово.

-Активностите на екипите на Јавното претпријатие за комунални работи ,,Услуга” се насочени кон одржување на зеленилото и уредување на зелените површини, како и садење со нов сезонски цветен расад. Уреден е кружниот тек на влезот во Берово, како и парковата површина кај градскиот стадион, па жителите можат да уживаат во уредените површини, додаваат од општинаа Берово.

Во периодот што следи, екипи на беровското комунално претпријатие, ќе посадат цвеќиња и на веќе подготвениот терен, во централното градско подрачје, со цел како што велат од претпријатието да се подобри животот на граѓаните и да се разубави градското зеленило.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*