Тезгите поставени на растојание пред утрешното отворање на Градскиот пазар во Делчево

Со примена на посебни мерки за заштита од заразата ковид 19 од утре почнува со работа зелениот градски пазар во Делчево.

Согласно со заклучокот од Општинскиот кризен штаб, ќе работи делот од пазарот наменет за прехранбени производи, односно раноградинарски култури, додека останатите тезги наменети за продажба на друг вид стока и понатаму ќе остане затворен.

Според препораките за граѓаните задолжително е носењето маски за заштита на лицето, избегнувањето групирање, а за редот на пазарот ќе се ангажираат комунални редари.

Продавачите на своите тезги задолжително треба да имаат средство за дезинфекција и да носат заштитна опрема, односно ракавици и маска.

Денеска екипи на ЈКП „Брегалница“ ги подготвуваа тезгите со цел да го има потребното растојание меѓу нив согласно со препораките за заштита од коронавирусот, а попладнево екипи на ТППЕ Делчево ќе извршат и дезинфекција на локацијата.

Се апелира до грѓаните да ги почитуваат препораките за заштита и да придонесат со свој личен пример за заштита на здравјето и за превенција од појавата на ковид 19.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*