Граѓаните повторно на пазар во Делчево

По неколкунеделна пауза поради вирусот Ковид-19, денес повторно отпочна со работа Градскиот пазар во Делчево. Продажбата на прехранбени и раноградинарски култури која беше дозволена за време на пазарниот ден, како што информираше Стојче Стојковски, директор на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ кое стопанисува со пазарот, се одвиваше согласно предвидените мерки за заштита од коронавирусот.

-Согласно одлуката на Општинскиот кризен штаб, од денес почна со работа Градскиот пазар, исклучиво за продажба на земјоделски производи. Екипа на претпријатието, од 6 часот наутро присуствува на пазарот со вкупно 16 редари. Досега работата на пазарот се одвива нормално и луѓето кои пазаруваат и продавачите се придржуваат кон насоките што ги добиваме и од редарите и од надлежните органи, рече Стојковски.

Граѓаните без желба да зборуваат пред камера, изразија задоволство што по пауза од неколку недели можат да купат поевтини производи.

-Додека траеше забраната за работа на градскиот пазар, цените во локалните пиљари и маркети беа повисоки за одредени производи. Се надеваме дека отсега натаму ќе може да купуваме по поевтини цени, истакнаа граѓани.

На последниот сотанок на Општинскиот кризен штаб беше напоменато дека доколку денешниот пазарен ден помине во најдобар ред за следната сабота ќе се разгледува можноста пазарот да биде отворен и за продажба на текстилни и пластичарски прозиводи.

По неколку неделна пауза повторно проработи Градскиот пазар во Делчево

По неколку неделна пауза повторно проработи Градскиот пазар во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Saturday, 16 May 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*