Коронавирусот ништо не им може на М.Каменица и Карбинци

Коронавирусот ништо не им може на жителите на М.Каменица и Карбинци. Од почетокот на пандемијата досега нема регистриран позитивен случај на корнавирус во овие две општини што ги прави едни од ретките кои досега успешно се справуваат со коронакризата.

Како можна опасност за појава на вирусот во овие две општини особено во Македонска Каменица која има над 1300 иселеници кои секое лето се враќаат дома предеизвик за надлежните ќе биде евентуалното најавено отворање на границите.

-Ако ги почитуваме мерките на оддалеченост, мерките за заштита, нема да има проблем, така да сепак ке следиме ако има некои новини во однесувањето, ако некој прецени дека има услови да бидат отворени границите и луѓето да си дојдат дома ќе апелираме на спроведување на мерките пред се за лична, но и на заштита на сите околу нас, вели Стаменкова за ТВ Стар.

Во продолжение целиот прилог на оваа тема:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*