Одбележана Европската недела на имунизација во Пехчево и Виница

Невладината организација КХАМ ги продолжи активностите во рамки на Европската недела на имунизација. Во соработка со општината и здравствениот дом, како што информираше координаторот Зоран Биковски, во Пехчево беа поделени хигиенски пакети наменети за новороденчиња.

-Активноста ја спроведовме со градоначалникот Драган Тренчовски со кој поделивме хигиенски пакети кај пет семејства со новороденче од кои 5 ромски и 5 турски фамилии. За оваа општина можам да кажам дека е исто така е една од општините каде вакцинацијата е речиси стопроцентно реализирана, што покажува дека граѓаните имаат развиена свест за навремената вакцинација и важноста од истата, рече Биковски.

Активностите во рамки на Неделата на имунизација, како што додаде продолжија во општина Виница.

-Во Виница истотака обезбедени беа 26 хигиенски пакети и печатен материјал за 26 семејства со новороденче од ромска националност. Да споменам и тоа дека во рамки на активностите дополнително ќе бидат посетени уште 10 семејства во руралните средини во Виница, по што може да кажеме дека имавме успешна акција и годинава, додаде Биковски.

Европската недела на имунизација невладината организација КХАМ ја спроведува 10-та година по ред. Претхпдно хигиенски пакети беа обезбедени и за семејства со новороденчиња во Делчево и село Црник, пехчевско.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*