Донација од заштитни маски за жителите од село Стамер

Во делчевското село Стамер денес беа донирани 250 маски наменети за борба против зарзата од Ковид-19. Маските како што информираше Зоран Димитровски, претставник на месната заедница во Стамер се донација од приватна компанија чиј сопственик потекнува од Стамер.

-Месната заедница од село Стамер заедно со црковниот одбор во соработка со трикотажа Сонитекс, чиј сопственик е наш сограѓанин денеска одлучивме да доделиме заштитни маски на нашето население. Целта е да ги заштитиме селаните од појавата на зараза од Ковид-19, рече Димитровски.

Дел од жителите истакнаа дека донацијата е повеќе од добредојдена, бидејки досега не биле во можност сами да се снадбат со заштитни маски.

-Јас живеам сама и сум благодарна за оваа донација бидејки не сум во можност самата да се снабдам. Да се надеваме дека ќе не штити од заразната болест, истакна жителка на селото.

Во рамки на акцијата доброволно учествуваа волонтери од помладата популација кои извршија распределна на маските во домовите на секое семејство во Стамер.

Месната заедница во соработка со Трикотажа СОНИТЕКС обезбеди заштитни маски за секој жител на село Стамер

Месната заедница во соработка со Трикотажа СОНИТЕКС обезбеди заштитни маски за секој жител на село Стамер

Posted by delcevo365.mk on Saturday, 23 May 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*