Турци, Роми и Македонци заеднички го слават Рамазан Бајрам во пехчевски Црник

Пехчевското село Црник е единственото село во Источна Македонија каде Турци, Македонци и Роми без никакви предрасуди и годинава заеднички ги слават и почитуваат празниците без разлика на верската припадност. Заедничкото одбележување на празниците според Усаин Кампелезов, жител на селото, е традиција која долги години постои во селото.

-Празниците се она што не спојува, заедно славиме сите. Рамазан Бајрам и Велигден е време кога и Македонци и Роми и Турци се заедно. Тие доаѓаат кај нас, за нивни празници ние одиме кај нив. Велигден и Бајрам заеднички ги празнуваме, а и не само тоа, секоја една веселба ни е заедничка, вели Кампелезов.

Во селото во моментот како што додава поради полицискиот час е мирно и за прв пат празнувањето на Рамазан Бајрам ќе биде во кругот на семејството.

-Иако живееме во време кога има ограничување во движењето и годинава оние што се куќа до куќа си одат на гости и го почитуваат празникот. Сепак мора да признаеме дека заради коронавирусот годинава вообичаеното празнување ќе изостане, додава Кампелезов.

Тој ги поканува селаните на парче баклава без која е незамислива прославата на Рамазан Бајрам. На сите жители на црник од муслиманска веросиповед им посака среќен празник со вообичаениот поздрав Мубарек Олсун.

Усаин Кампелезов – Жител на село Црник
Без баклава не поминува ниту еден Рамазан Бајрам
Баклавата по традиција за Рамазан Бајрам ја има во повеќе видови
Село Црник

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*