Прес конференција на Соња Михаиловска – кандидат за пратеник од ИЕ 3

Пресконференција на тема Подобро здравје и достапност до здравствените услуги денес одржа д-р Соња Михаиловска, кандидат за пратеник од СДСМ и коалицијата од ИЕ 3

Интегралниот текст од прес конференцијата ви го пренесуваме во целост:

Почитувани сограѓани,

Како кандидат за пратеник од Изборната единица 3, и како здравствен работник, кој посветено работи за подобро здравје и достапност до здравствените услуги на сите пациенти, сакам да ги потенцирам инвестициите од Владата предводена од СДСМ во здравствениот сектор и здравствениот персонал што, дадоа нова перпектива на здравствените работници, а со тоа и на корисниците на здравствените услуги.

На почетокот, на моите колеги им оддаваме признание, тие се на првата борбена линија со Ковид-19!

Вложувањата кои Владата на СДСМ ги направи во здравството овозможија успешно да се справуваме со најголемата светска здравствена криза во изминатите децении. Со оваа криза стана уште повидливо дека здравството е еден од основните општествени столбови.

Продолжуваме да вложуваме во одржлив здравствен систем. Наш приоритет од почетокот е подобрување и унапредување на јавното здравство, подобри услуги за пациентите и работни услови за здравствените работници.

Инвестиравме во здравствениот персонал:

Ги зајакнавме професионалните капацитети на здравствените работници и овозможивме услови за нивна работа дома – можност тие својата иднина и кариера да ја гледаат во нашето јавно здравство.

• Вработените во здравството кои се во првите борбени редови во битката со ковид-19 ќе добијат награда од 20% од основната плата за 2 месеци.

• Наградени ќе бидат сите здравствени и нездравствени работници вклучени во работа со пациентите заболени од коронавирус; доктори, медицински сестри, но и нездравствени работници- болничари, транспортери, возачите во службата за итна медицинска помош -во сите Јавно-здравствени институции, болниците, институтите каде се правеа испитувањата, здравствените домови коишто го организираа транспортот итн.

• Никој нема да биде изоставен, сите се земени предвид!

• Владата на СДСМ инвестираше многу во човечкиот капитал во здравството.

• За период од две години даде повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавно-здравствените установи, ги зголеми платите на здравствените работници, даде повеќе од 1000 согласности за специјализации и супспецијализации.

• Во периодот од септември 2018 до февруари 2020, 4 пати е зголемена платата во здравството, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри до 23%, на општите лекари за 25%, а на останатите здравствени соработници за 15%.

• И за првпат, оваа Влада ги плати приватните специјализанти за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар.

• Го решивме деценискиот проблем со недостатокот на лекови. Укинати се квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум целата држава и денес граѓаните повеќе не се грижат дека ќе останат без терапија, бидејќи таа им е достапна во секоја аптека и во секое време.

• За 2 години, воведовме 5 нови лекови за ретки болести, а за пациентите со дијабетес три нови типа висококвалитетен и сертфициран инсулин.

• Иновативна биолошка терапија за пациентите со малигни заболувања

• 8 нови дигитални мамографи, воведовме задолжително двојно читање на мамографските снимки, бесплатни ортопедски градници и психолошка поддршка за пациентките со рак на дојка.

Две нови вакцини за заштита од пневмокока и рота вирус, кои се чести во детската возраст, особено кај децата кои посетуваат градинки.

Од капиталните инвестиции сакам да потсетам дека инвестиравме во реконструкции и обнови на оддели, нова современа медицинска опрема, нови возила на ИМП.

Направивме многу, но има уште многу да направиме.

Продолжуваме да работиме посветено на подобрувања во секоја област: инфраструктура, опрема, терапија, персонал.

Затоа што само така, со сеопфатен пристап кон сите сегменти во здравството, можеме да направиме функционален и одржлив здравствен систем.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*