Михаиловска: Организирање избори согласно здравствените протоколи

Избори може да се организираат и да бидат 100% сигурни избори за граѓаните, за нивното здравје, за сите учесници во изборниот процес, но само ако сите учесници во процесот ги почитуваат протоколите. Ова на денешната прес-конференција го истакна Соња Михаиловска кандидат за пратеник во ИЕ 3 од СДСМ и коалицијата која додаде дека борбата со вирусот ќе ја продолжиме преку целосно почитување на мерите на лична заштита и заштита на јавното здравје.

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме текстот од денешната прес-конференција на Михаиловска.

Како кандидат за пратеник од коалицијата предводена од СДСМ, чувствувам обврска да ви се обратам и да ви порачам дека во период, кога епидемијата е ставена и се држи под контрола, ние мора да се враќаме во нормала, но и да научиме да живееме со коронавирусот. Кризата спласнува, но вирусот е сѐ уште присутен. Затоа, не смееме да се опуштиме. Борбата со вирусот ќе ја продолжиме преку целосно почитување на мерите на лична заштита и заштита на јавното здравје.

На територијата на Општина Делчево немаме позитивни случаи на ковид 19, Општината во континуитет ги презема сите превентивни мерки за заштита од заразата, а граѓаните, на кои на кои им изразувам јавна благодарност за досегашниот одговорен однос кон јавното здравје и почитување на мерките за лична заштита од заразата со коронавирусот, дадоа свој голем придонес за мирната епидемиолошка слика на територијата на нашата Општина.

Во таа мисла сакам да истакнам дека нашето ново секојдневие, нашиот нов начин на функционирање, подразбира носење заштита опрема на лицето, маска, шал, марама, соодветна дистанца и редовна дезинфекција на рацете.

Здравствените работници не можат сами. Од овде апелирам дека само преку доследно почитување на мерките може да помогнеме на борците на првата борбена линија. Само преку почитување на мерките може да спречиме ширење на вирусот и да ја задржиме состојбата под контрола. Тоа единствениот ефикасен начин и зависи само од нашето однесување.

Новата нормалност значи дека ќе продолжиме да ги вршиме секојдневните обврски и активности согласно протоколите за заштита од коронавирусот. Тоа значи дека во таква нова нормалност ќе се одвиваат сите процеси во нашето општество, економијата ќе се враќа во нормала, ќе работиме и ќе вршиме сите обврски но со почитување на сите мерки.

Во такви околности ќе функционираат и државата и институциите кои денеска се наоѓаат во крајно комплицирана состојба која налага организирање на избори во првиот можен рок.

Новата нормалност значи и организирање на изборен процес согласно здравствените протоколи пропишани од надлежните институции. Избори може да се организираат и да бидат 100% сигурни избори за граѓаните, за нивното здравје, за сите учесници во изборниот процес, но само ако сите учесници во процесот ги почитуваат протоколите.

Како што со заштитни мерки ги извршуваме нашите секојдневните обврски, пазариме во маркетите или посетување банка, така со заштитни мерки можеме да го искористиме демократското право да гласаме на избори и да си обезбедиме функционално Собрание и нова, политичка влада.

Институциите имаат капацитет, на денот на гласањето да ги обезбедат сите превентивни мерки за целосна заштита на гласачите и на сите други учесници во изборниот процес.

Истовремено, политичките партии имаат обврска и одговорност да водат одговорни кампањи без масовни собири каде целосно ќе бидат запазени сите мерки на заштита.

Гаранција дека изборите ќе бидат фер и демократски и дека волјата на граѓаните ќе биде легитимна има и од набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР која потврди дека со свои набљудувачи ќе го следи изборниот процес.

На граѓаните, на државата, им се неопходни законодавна и извршна власт со полн капацитет и легитимитет.

Само со такви институции со целосен легитимитет можеме полесно и побрзо да се справиме со здравствените и економски последици од коронакризата.

С.Македонија мора подготвено и со 100% капацитет да го дочека септември. Да бидеме целосно подготвени за уште поефикасно справување со последиците од досегашниот тек на пандемијата и за очекуваниот нов бран на вирусот наесен. Здравјето и живејачката на луѓето се најважни, а за тоа ни треба целосно функционален демократски институционален систем и целосни економски механизми за зголемување на потрошувачката на граѓаните и за развој на македонското стопанство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*