Се засадуваат пролетни цвеќиња на повеќе локации во Делчево

Во Делчево и Македонска Каменица во тек се акции за засадување на пролетни цвеќиња во парковските површини во градот и пред јавните институции. Во Делчево, како што информираа надлежните во парковските површини се засадуваат околу 10.000 пролетни цвеќиња.

-Пролетните цвеќиња се од видот на петунии, бегонии, сардела, агератум, тагетис и други и се засадуваат на новата парковска површина кај Жито маркетот, потоа кај споменикот на паднатите борци, кај Комерцијална банка, кај паркот Езерце, паркот во Ново Делчево, паркот АСНОМ, Стопанска банка и боксовите по должината на улицата кај трговскиот центар „Пела“, информираа надлежните.

Парковските површини, како што додаваат тие, ќе добијат нови цвеќарници, саксии и цветни аранжмани.

-Годинава за пролетно разубавување на градот, општината и јавното претпријатие набавија околу 5000 цвеќиња, додека останатите се произведени од сопствениот расадник на претпријатието, додадоа од Општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*