Делчевската библиотека ќе го санкционира ненавременото враќање на изнајмените книги

Делчевската библиотека ќе го санкционира ненавременото враќање на изнајмените книги. Како што истакна директорката на ЈЛБ „Илинден“ Делечво, Билјана Петровска, согласно програмата со која работи библиотеката, а кое работење е пракса во сите поголеми библиотеки во државата, ненавременото враќање книги ќе се казнува парично.

-Нашите читатели знаат дека од 1 јануари, библиотеката започна со електронско издавање на книгите. Програмата со која работиме пресметува и парична казна за ненавремено враќање на книгите. Поради епидемијата со вирусот, библиотеката беше повеке од 2 месеци затворена. Сега повторно започнавме со работа и сакам да ги информирам сите наши читатели дека започнуваме со казни за ненавремено враќање на книгите. Како што знаат сите наши членови имаа право да за задржат книгата 15 дена, доколку не е прочитана мораат да дојдат да ја запишаме книгата во компјутер за нови 15 дена. Доколку поминат 15 дена и книгата не е вратена, ниту е продолжено за нови 15 дена, ќе се плаќа казна од 5 денари од ден за една книга, рече Петровска.

Апелираше до сите членови да внимаваат на рокот и навреме да ги враќаат книгите, за да се избегнат казните.

-Исто така сакам да ги информирам сите наши членови кои оставиле мејл кога се зачлениле, дека кога ке дојдат да вратат книга, ќе им кажеме на кој начин можат да се најават и да влезат во системот, за да си видат кои книги ги имаат прочитано, колку книги имаат земено и кога треба да ги вратат. Исто така ќе добиваат и известување на својот мобилен телефон, дека денес е последен ден за враќање на книгите, додаде Петровска.

Сето тоа како што дополни, не е нешто ново, туку функционира низ повеке библиотеки низ државата, а библиотеката го прави заради навремено враќање на книгите, без притоа насловите да се задржуваат повеќе време кај читателите.

Делчевската библиотека ќе го санкционира ненавременото враќање на изнајмените книги

Делчевската библиотека ќе го санкционира ненавременото враќање на изнајмените книги

Posted by delcevo365.mk on Thursday, 28 May 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*