Делчевската полиција поднесе кривична пријава на 33-годишен Скопјанец за измама

Поради измама, 33 годишен скопјанец заработи кривична пријава од делчевската полиција. Со кривичното дело, како што информираат од полицијата, оштетен е сопственик на угостителски објект од Делчево.

-На 20.02.2020 во Делчево, пријавениот Б.А(33), кој бил на отслужување затвор во КПУ „Идризово”, телефонски се јавил во угостителски објект во Делчево и побарал да организира претстава затоа што му се родил син. По кратко време, повторно се јавил на сопственикот на угостителскиот објект и го известил дека бил во болница и го замолил да даде пари за огномет и торта, а подоцна тој ќе плател. По кратко време кај сопственикот дошол таксист, кој ги земал парите за торта и огномет, соопштија од полицијата.

Сопственикот на угостителскиот објект, како што се додава во полицискиот извештај, измамата ја забележал подоцна, кога по започнувањето со подготовка на менито, сопственикот го барал пријавениот, но не го добил и заклучил дека бил измамен, по што случајот го пријавил во полиција.

За измамата 33-годишниот скопјанец од денес е со кривична пријава која му ја поднесе Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*