Михаиловска: Капиталните инвестиции продолжуваат

Кандидатот за пратеник од СДСМ и коалицијата за ИЕ 3, Соња Михаиловска денес одржа нова прес-конференија чиј текст интегрално ви го пренесуваме во целост.

Почитувани сограѓани,

Капиталните инвестиции продолжуваат, градиме инфраструктура за сите во вонредни околности.

Кризата предизвикана од пандемијата со корона, не ги попречи капиталните инвестиции. Спротивно на тоа, капиталните проекти продолжија со изведба и тоа со забразана динамика.  Градиме инфраструктура за сите,  почитувајќи ги мерките за заштита. Тоа е новото нормално, на овој начин ѝ помагаме на економијата во многу важен период.

Досега инвестирани се, речиси, една милијарда евра во патната инфаструктура и во план е да инвестираме дополнителни 2 милијарди во следните неколку години.

С.Македонија во 2019 и 2020 во услови на корона криза, заврши 80% од примарната и секундарната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години.

Инвестициите во инфраструктурата отвораат нови работни места, влијаат на движењето на економијата и го подобруваат животот на секој еден граѓанин.

Градиме 260 км автопати. Градиме 300 км експресни патишта. Градиме 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе до 1500 км постоечки патни правци.

Изграден и пуштен е во употреба автопатот Миладиновци-Штип, а Штип-Радовиш и Штип-Кочани ќе бидат комплетно предадени во употреба во следните неколку недели.  Изградивме повеќе од 300 километри атмосферска канализација во сите општини во државата.

Интензивно и во услови на корона криза се работи на локалната инфраструктура во фаза во која е отпочната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации за што обезбедуваме 100 милиони евра за сите општини во Република Северна Македонија.

Во Делчево е реализиран еден од најважните инфраструктурни проекти кој е огледало на градот, а тоа е рехабилитацијата на транзитниот булевар „Македонија“ кој е дел од државниот пат А -3. Конечно, по неколку децении од неговата изградба, се рехабилитираа двата коловоза со вкупна должина од 3,5 км. Претходно беше извршена рехабилитација на 5 км од патниот правец Делчево-Ѕвегор-Граничен премин, како и најкритичниот дел од патниот правец Делчево- Пехчево во должина од 10 км.

Сакам  истакнам дека во Делчево во текот само на оваа година се релизираат или се на почеток од реализација проекти во висина од над 100 милиони денари. Во моментов се реализираат: реконструкција на Маршал Тито, Вера Јоциќ, атмосферска канализација во населба Милково Брдо и улица во населба СРЦ, комплето нова улица во оваа населба. Пешачкиот мост е во завршна фаза, а овде е изградена и комплетно нова улица која го поврзува мостот со детската градинка,  исто така, во завршна фаза е и изградбата на градската капела.

Но, сакам посебно да истакнам дека во тек е изградба на улици во должина од 1 км во населбата Басарица со што за прв пат жителите на оваа населба изградена пред повеќе од две децении, нема да газат кал. Претходно на потегот Басарица –Полето се изгради канализација во должина од 2 км.

Во Делчево се решаваат децениски проблеми. Со поддршка на Владата, Делчево доби околу 50 милиони денари средства за инфраструктура во рамките на проектот „Македонија без кал“. Во рамките на овој проект ќе се изградат голем број улици, но и ќе се изгради стариот пат Делчево-Тработивиште. Активно се градат улици, канализации и во градот и во селата.

Со овие проекти сакаме да го подобриме квалитетот на животот на нашите сограѓани и ова е само дел од тоа што се гради и се изградило во Делчево. Но, сакам да потенцирам дека новото нормално ни овозможува со почитување на мерките за заштита на работниците, капиталните инвестиции во инфраструктурата која ни е потребна да не запира, да продолжува да се реализира и интензивира.

Инфраструктурата која ја градиме ќе ни овозможи да се справуваме со кризи, но и да оставиме добра база за напредок на идните генерации да не почнуваат одново од нула.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*