Реакција на претседателот на ПДПР, Аксел Ахмедовски

Претседателот на ПДПР, Аксел Ахмедовски денес излезе со реакција за како што рече неодамнешните навреди кон ромската заедница од страна на како што рече поединци и структури.

Во продолжение изјавата на Ахмедовски:

-Во интерес на заштита на националниот идентитет и достоинството на ромската заедница како претседател на ПДПР најостро ги осудувам искажаните ставови во колумната на Латас и изјавата на Бачев на ТВ 24. Ромскиот народ ниту е спас за некого ниту е закана за некого, туку закана за граѓаните и демократијата во државата се луѓе со лоша нагонска импулсивна патолошка потреба од кршење на општествените норми.
Фрустрирачка е состојбата поради исклученоста од општествените политики, па со пласирање на неетички изјави кон ромската заедница т.е припадниците на социоранливата катогорија граѓани од ромскиот етникум се прави обид да се привлече вниманието на јавноста за едно веќе заборавено време. Дополнително со потсмев и подбив се пристапува на користењето на ромскиот јазик како еден од фундаменталтни белези на нацијата , преку ромски говорни пцовки. Во време на светска пандемија од која комплетниот човеков род трпи силни здравствено-економски предзвици вклучително граѓаните од нашата држава, солидарната наклонетост према социо-загрозените преку минимална материјална подршка во храна, во Струмица или било каде во државата за нас е хуман гест а не Поткуп. Новинарите при пренесувањето на своите ставови треба да бидат објективни, чесни и да застанат во одбарана на слободите и правата на граганите, а политичарите посебно оние кои се преставуваат како преставници на најпатриотскиот слој на својот етникум преку позитини постапки треба да ги придобијат симпатиите и на етникумите различни од нив, истакна во својата реакција претседателот на Партијата за демократски ппросперитет на Ромите, Аксел Ахмедовски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*