Ахмедовски: Се оствари предупредувањето дека се доведува во прашање меѓусебниот соживот на граѓаните

Претседателот на Партијата за демократски просперитет на Ромите Аксел Ахмедовски на денешната прес-конференција во Делчево, изрази загриженост за како што рече оствареното предупредување дека се доведува во прашање меѓусебниот соживот на граганите. Како причина за ова ги наведе неколкуте содржини кои поединци во изминатите неколку дена ги пласираа во одредени медиуми, портали како и на социјалните мрежи, а во кои како што додаде беше забележителен говорот на омраза упатен кон претставниците на муслиманската вера и навредите кон една од најсветлите личности во муслиманската вера, пратеникот Мухамед.

-Историјата на нашата држава е класичен пример за опстојувањето на нетолеранцијата,мегусебно непочитување, дискриминација по сите основи и сведоци сме дека сето тоа во оваа модерно време кое го живееме се споделува јавно било преку медиуми, портали, пишани текстови или социјални мережи. Деновиве од нејасни причини фејсбук порталите содржински кај поединци се исполнети со елементи на говор на омараза кој како феномен пак дополнително може да предизвика криминал од омраза. Говорот на омраза има повеке димензии мегу кои и правен и гледано од правен аспект неможе да се направи јасна граница со слободата на изразување,но секако за во случаевите два три дена наназад на кои јас и партијата реагиравме слободно можам да кажам дека воопшто не станува збор за слобода на изразување, туку класичен говор на омраза од лица припадници на неромска заедница, а притоа и припадници на немуслиманската вера бидејки конкретно се нападнати овие две карактеристики на ромите, а во исто време и личноста која е една од најсветите личности со посебно заначење за муслиманите односно паретникот Мухамед. И во овие говори беа беше поттикната, повикана и промовира омраза, што од друга страна предизвика одржување на мирни протести на верниците Роми во Штип и Кочани, рече Ахмедовски.

Претходно како што додаде тој, партијата алармираше и сега повторува дека состојбата е сериозна, бидејки има нови случаеви каде се промовира говорот на омраза по видео снимки и на онлајн дебати на етничка и верска основа во другите караеви на државата.

-Затоа бараме од надлежните институции посебно од МВР и министерот Чулев, да превземат се што е во нивна мок во рамки на службените овластување вакавата состојба да се превенира, да се спречат инциденти како што веке е случен во Кочани, каде денеска утрото работник припадник на ромската заедница поради одржаниот мировен протест беше физички нападнат со нанесени видливи повреди од лице, кој по информациите кои ми се презентирани бил познат на органите на прогонот и член на опозицијата. Сметаме на разбирање, несакаме дополнитено ваквите настани да добијат и политички карактер, а со тоа Ромите да бидат вовлечени во игри на некои мрачни сили, па фрустрациите и бесот да биде истурен врз оваа заедница која сака само мир, спокојство, подобар живот и соживот со сите грагани во државата, додаде Ахмедовски

Истовремено препорача до припадниците на Ромската заедница да бидат воздржани и да не потпагаат на ваквите провокации ,да не враќаат и тоа со коментари со негативна содржина за да не се подигнат тензиите, бидејки како што додаде, имаме институции за кои ПДПР верува дека навистина ке застанат во одбрана на слободите и правата на граганите и ќе поведат ажурна и ефикасна истрага и гонење на лицата сторители на дела од омраза.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*