Со заедничка акција за чистење на муслиманските гробишта се зајакнува соживотот во Пехчево

Денеска во Пехчево се спроведе акција за оградување на муслиманските гробиштата во Пехчево. Акцијата како што информираше Мустафа Дуровски од ЕЛС Пехчево, се спроведува поради заштита на гробиштата од оштетување.

-Во акцијата учествувавме десетина луѓе од Пехчево кои несебично помогнаа да го оградиме делот на гробиштата кој беше изложен на оштетување од страна на домашни животни, поради што одредени гробови беа откорнати. Целата иницијатива финансиски ја поддржа Општина Пехчево, за што целосно му се заблагодаруваме на нашиот градоначалник, истакна Дуровски.

Мустафа Дуровски – ЕЛС Пехчево

Акцијата, како што додаде е пример за соживот помеѓу граѓаните од различна верска националност кои живеат во Пехчево.

-Овде не се делиме на верска и друга основа. Во акцијата учествуваа македонци, роми и други граѓани со што покажавме дека и понатаму сме општина за пример на останатите во однос на соживотот во градот, додаде Дуровски.

Тој додаде дека исто така акцијата е еден вид одговор на случувањата кои беа проследени од недолични личности, а во насока да се создаде верска нетрпеливост во државата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*