Текстилот и пластичарските производи се вратија на градскиот пазар во Делчево

По пауза од два ипол месеци текстилот и пластичарските прозиводи се вратија на пазарот во Делчево. Поради мерките за заштита од Ковид-19, во изминатите две недели се вршеше продажба исклучиво на прехранбени и земјоделски производи, додека од денес и официјално пазарот се врати во својот пепознатлив изглед.
Одлуката за повторна продажба на текстил ја поздравија локалните продавачи.


-Добро е денес не е лошо. По пауза од неколку недели се вративме на пазарот. Она што не плаши е дека се најавуваат мерки за повторно воведување на забрани, но како ќе кажат за доброто на сите така ќе правиме, против тоа не се може вели делчевецот Усаин Фејзулов.


Редарска служба и денес беше задолжена за регулирање на обврската за почитување на мерките за заштита од вирусот Ковид-19, при што видливо беше носењето заштитни маски од страна на купувачите и пазарџиите.


Пазарниот ден помина во знакот на раноградинарските култури кои беа најзастапени на тезгите.


-Имаме домашен пипер кој се движи по цена од 70 денари за килограм, имаме розев домат исто така по пристапни цени. Граѓаните највеќе ги бараат овие производи, како и лук, кромид, млад компир и слично. Цените се пристапни, а како што може да забележите со олабавувањето на мерките купувачите се во поголем број, што секако е добро за да се вратиме од кризата која владееше во изминатите два месеци, вели домашен производител на градинарски прозиводи.

Поради се уште неотворените граници, денес изостана присуството на граѓани од соседна Бугарија кои како што истакнаа пазарџиите според најавеното се очекуваат во месец јуни, а поради близината на Делчево со Р.Бугарија во минатото беа меѓу најчестите посетители за време на викендите.

Текстилот и пластичарските производи се вратија на градскиот пазар во Делчево

Текстилот и пластичарските производи се вратија на градскиот пазар во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Saturday, 30 May 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*