Во тек акција за собирање ,,онлајн” донации за доизградба на црквата ,,Св.Пророк Илија” во М.Каменица

Жителите на Македонска Каменица започнаа он-лајн донаторска акција за собирање средства за доизградба на црквата “Св.Илија”. Досега се собрани околу 5000 евра, а како што информираат организаторите на акцијата, потребни се уште најмалку толку за цртање на фрескоживописот во црквата.

-Црквата ,,Св.Пророк Илија” е изградена во 1860-тата година, припаѓа на Брегалничката епархија и истата не е фрескоживописана. Се работи за старата црква во градот, која после изградбата на црквата ,,Успение на Пресвета Богородица”, е оставена во многу лоша состојба поради лошата финансиска на парохијата, заради што ја покренавме оваа акција, велат организаторите.

Доколку бидат собрани потртебните средства, како што додадава Лимонка Мони Васевска која е еден од иницијаторите на акцијата, истите ќе бидат искористени и за обнова на надворешниот простор пред црквата.

-Во црковниот двор има станбен простор во кој претходно престојувале, кој со текот на времето поради немањето средства за одржување, потполно е оштетен и во моментот е опасен за престој. По барање на старешината Николчо Воиновски, јас заедно со семејството се заложив да се соберат средства за реновирање на објектот до црквата, во кој ќе можат да се преселат и живеат свештениците, како и за реновирање на самата црква ,,Св. Пророк Илија”, вели Васевска.

Таа им се заблагодари на сите кои досега донираа во рамки на акцијата, која засега се реализира по пат на он-лајн донации на социјалните мрежи, кои се реализираат како дел од иницијативата ,,Донации за црквата Св.Пророк Илија во Македонска Каменица”. 

Линк за донации: https://www.facebook.com/donate/2871904256257392/3426010114094604/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*