
Квалитетните раноградинарски производи, долги години се препознатлив бренд за семејството Тодоровски од Делчево. Производите ќе ги најдете на пазарите во Делчево и М.Каменица како и во локалната пиљара на семејството во градот. Честите фотографии кои семејството ги објавува на социјалните мрежи не заинтригира да дознаеме нешто повеќе за квалитетното производство за кое очигледно е потребно и доста работа.
-Произведуваме повеќе видови на раноградинарски култури меѓу кои во моментот се актуелни доматите, пиперот, младиот компир и други. Произведуваме и зелка и марула, но моравме да го собереме родот за да ослободиме простор за пиперот. Просторот во фолиите каде се засадени овие култури е околу 1500 м2. Во моментот најмногу имаме засадено благ пипер од сортата „бела дуга“ околу 2000 корени, како и 7000 корени селски пипер. Доматот кој е отприлика 1200 корени е од сортата Вивиа. Како што знаете секој петок и сабота сме присутни на пазарот во Делчево и М.Каменица, додека производите поради својот квалитет се барани надалеку. Тука е и пиљарата во која секогаш може да се уверите во нивниот квалитет, велат од семејството Тодоровски.
Од овошјето покрај јужното овошје, на тезгите на Тодоровски може да се најдат и мошне вкусните домашни јагоди.

-Јагодите иако се на мала површина ги имаме некаде околу 200 корени. Ги одгледуваме на црн најлон, додека од производството во саксии имаме околу 300 корени. Вкусот е неодолив, а изгледот фасцинантен. Врпочем оној кој ги пробал се уверил во нивниот квалитет. Јагодите се од сортата месечарка и родот им се собира двапати годишно, додаваат Тодоровски.
Во продолжение неколку фотографии од домашното производство на Тодоровски:

Leave a Reply