Започна скринингот за Ковид-19 за вработените во детската градинка во Делчево

Започна тестирањето за Ковид-19 за сите вработени во детската градинка ,,Весели Цветови” во Делчево. Директорката на установата, Билјана Симовска, информираше дека скринингот го вршат екипи на Центарот за јавно здравје од Кочани, а со него се опфатени вкупно 58 даватели на услуги во делчевската градинка, како воспитувачи, негователи, помошен технички и административен персонал.

-Со овој скрининг, со сите мерки за дезинфекција кои ги преземавме изминатиот период, како и со почитувањето на протоколите донесени од Министерството за здравство и МТСП, детската градинка во Делчево ќе биде подготвена и безбедна за здравјето и може да продолжи со својата дејност. Безбедносните препораки и одговорниот однос на секој еден вработен, но и на секој еден родител, ќе ја дадат потребната превенција за во нашата детска градинка го сочуваме здравјето на нашите најмили, децата, рече Симовска.

Скринингот како што додаде ќе сеправи со ПСР-тестови, а целта на тестирањето е да се идентификуваат асимптоматските носители на вирусот, односно луѓе кои се заразени, а не се свесни поради тоа што немаат симптоми.

-Паралелно на овој процес, е изготвен и протокол за работа на градинките со цел тие да се стават во функција. Ја користам приликата да информирам дека во изминатиов период извршена е комплетна дезинфекција на детската градинка во Делчево, додаде Симовска.

Заштитата од заразата како пто дополни ќе продолжи со тековно преземање мерки согласно со протоколите на Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*